Свет Балкан Меркел: Има уште многу до постигнување договор со Грција

Меркел: Има уште многу до постигнување договор со Грција

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска, по состанокот со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Рига, изјави дека останува уште многу да се направи за да се избегне финансискиот колапс на Грција.

Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд, на маргините на Самитот за Источното партнерство, околу два часа разговараа со Ципрас.

Оланд по состанокот изјави дека на оваа средба не било планирано да се донесе конечна одлука, туку оти таа била во рамките на подготовките за состанокот на Еврогрупата, кој треба да се одржи на крајот од месецов или почетокот на јуни.