Свет Европа Меркел и Путин телефонски разговараа за кризата во Украина

Меркел и Путин телефонски разговараа за кризата во Украина

Германската канцеларка Ангела Меркел го повика рускиот претседател Владимир Путин да го искористи влијанието на Москва кон сепаратистите на истокот на Украина за да се најде политичко решение на кризата.

Од Берлин соопштија дека двајцата лидери разговарале телефонски.

Повикот доаѓа ден откако Меркел се сретна со украинскиот претседател Петро Порошенко. На средбата во Берлин, двајцата побарале продолжување на санкциите против Русија, кои според одлуката на ЕУ се на сила до 31 јули.
Од почетокот на конфликотот во Украина загинаа повеќе од 9.000 лица.