Свет Европа Меркел го поздрави предлогот на Меј за правата на европските граѓани по...

Меркел го поздрави предлогот на Меј за правата на европските граѓани по Брексит

Германската канцеларка Ангела Меркел го поздрави предлогот на британската премиерка Тереза Меј, која на првиот ден од самитот на лидерите на Европската Унија во Брисел изјави дека државјаните на земјите од ЕУ што живеат во Велика Британија ќе можат да останат во земјата и по нејзиното излегување од Унијата.

„Тоа е добар почеток. Но, нормално има уште многу прашања“, изјавила доцна синоќа германската канцеларка, коментирајќи ги плановите на Тереза Меј за периодот по Брексит.

Според плановите, Велика Британија официјално би требало да го напушти членството во ЕУ во март 2019 година.

Британската премиерка изјави дека ќе ги заштити правата на граѓаните на ЕУ во Велика Британија и дека настојува да воспостави слична заштита на правата на Британците кои живеат во другите земји од ЕУ.

Инаку, во Брисел денеска завршува дводневниот самит на лидерите на Европската Унија, на кој првпат учествува новиот претседател на Франција, Емануел Макрон.