Свет Европа Меркел: Договорот со Грција е последна шанса да се избегне хаос

Меркел: Договорот со Грција е последна шанса да се избегне хаос

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика денеска на вонредна седница пратениците на Бундестагот за да гласаат за продолжување на помошта на Грција и предупреди дека алтернатива на тоа е хаос во Грција и во Европа.

– Ние сме за тоа, Грција да остане во еврозоната. Наспроти енормните грчки напори е енормната солидарност на Европа – изјави Меркел на седницата на која, и покрај огромното противење и во редовите на нејзината партија, не се доведува во прашање „зеленото светло“ за Грција.

Таа истакна дека и покрај разликите во ЕУ, одлучено е Грција да се задржи во еврозоната, истакнувајчи дека еврото е повеќе од валута.