Свет Европа Меј нареди истрага за причините за пожарот во зградата во Лондон

Меј нареди истрага за причините за пожарот во зградата во Лондон

Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, денеска нареди истрага за причините за пожарот во зградата во западен Лондон, во кој загинаа 17 лица, јавуваат светските агенции.

Меј својата одлука ја објави по нејзината посета на местото на пожарот, за време на која британската премиерка не даде изјава за медиумите.

Според командирот на лондонската полиција, Стјуарт Канди, во болница на лекување се наоѓаат 37 лица, повредени во пожарот, од кои 17 се во критична состојба.

Пожарот во зградата со 120 станови и со околу 600 станари, во луксузниот кварт Кесингтон-Челзи, избувна ноќта меѓу вторникот и средата, и според очевидците се ширел со голема брзина.

Причините за пожарот сè уште не се познати.