Свет Балкан Meдитеранот станува вистинска жешка точка, температурaтa надминува 40 степени

Meдитеранот станува вистинска жешка точка, температурaтa надминува 40 степени

Иако не постои универзално прифатлива дефиниција за топлотен бран, за грчката Национална метеоролошка служба тоа подразбира - најмалку три последователни дена со максимална температура над 39 степени (102,2 F) и минимална температура над 26 степени (78,8 F)

Фото: Мета.мк

Грчките лета во минатото, биле идеални за посетителите на плажа, со максимални температури од 33 степени целзиусови. Но, топлотните бранови стануваат сè почести од доцните педесетти години и овој тренд од година в година се забрзува, пренесува Екатимерини.

Одговорот за ова е едноставен, иако многумина упорно го негираат – климатските промени, предизвикани од човековата активност.

Климатолозите го нарекуваат Медитеранот „жариште“ затоа што поради зголемувањето на температурите, тоа ќе биде меѓу ретките места на Земјата каде што времето ќе биде суво и топло.

Иако не постои универзално прифатлива дефиниција за топлотен бран, за грчката Национална метеоролошка служба тоа подразбира – најмалку три последователни дена со максимална температура над 39 степени (102,2 F) и минимална температура над 26 степени (78,8 F).

Интензитетот и времетраењето на топлотниот бран се зголемени во последните три децении. Најинтензивниот топлотен бран се случил во 1987 година, кога како последица на топлото време починале над 1.300 луѓе, а најинтензивни топлотни бранови имало и во 2007 и во 2021 година. Последниот топлотен бран траел девет дена, со највисок дневен максимум од 43,9 степени, а највисок дневен минимум од 36,5 степени.

Ако сегашното загревање на планетата остане константно, ќе се појават поинтензивни и почести топлотни бранови. Во најлошото сценарио претставено од Меѓувладиниот панел на Обединетите нации за климатски промени, Грција може да доживее, до средината на векот, најмалку четири дополнителни годишни епизоди на топлотен бран, при што делови од јужна Грција ќе поминат низ осум дополнителни епизоди.

Сепак, во Атина не се очекува живата во термометарот да достигне 50 целзиусови степени пред крајот на овој век.