Свет Европа Маж убиен на аеродромот „Орли“ во Париз, откако одзел пиштол од војник

Маж убиен на аеродромот „Орли“ во Париз, откако одзел пиштол од војник

Француските безбедносни сили утрово застрелале и убиле маж на парискиот аеродром „Орли“, откако тој посегнал и му го зел пиштолот на војник, соопштиле француските власти, јавува „Би-би-си“.

Делови од аеродромот биле веднаш евакуирани, а безбедносните операции по инцидентот продолжуваат и понатаму. Во нив, како што пренесува британскиот национален сервис, биле вклучени и експерти за деактивирање на експлозивни направи.

Минатиот месец, во инцидент во музејот „Лувр“ во Париз, беше застрелан и ранет напаѓач, кој со ножеви се нафрли на војници во музејот.