Свет Свет Маж со нож нападнал деца во градинка во Кина

Маж со нож нападнал деца во градинка во Кина

Четириесет и едногодишен маж со нож нападнал група деца во градинка во Кина, пишува британскиот весник „Индепендент“.

Осомничениот е уапсен, а засега не се познати мотивите за нападот.

„Индепендент“ наведува дека децата не се сериозно повредени. Нападот се случил во градот Пингсјанг, во провинцијата Гуангси.

Во споредба со другите земји, насилните злосторства се ретки во Кина, но во последните години се забележани повеќе случаи на напади на деца со секири или ножеви.

Минатата година во февруари, маж со нож избоде шест момчиња и четири девојчиња пред едно училиште.

Исто така, во периодот од 2010 до 2012 година беа регистрирани низа напади во училишта и во градински, а најголема бура во јавноста предизвика нападот од април 2010 година, кога маж избоде 29 деца и три учителки во една градинка.

Напаѓачот тогаш изјави дека тоа го направил поради „бес против општеството“. За нападот тој е осуден на смрт.