Свет Балкан Маскирани напаѓачи фрлија молотови коктели на турскиот конзулат во Солун

Маскирани напаѓачи фрлија молотови коктели на турскиот конзулат во Солун

Рано утрово маскирани напаѓачи фрлија два молотови коктели на конзулатот на Турција во Солун. За среќа, нема повредени лица или сериозна материјална штета, известуваат турските медиуми.

Во прашање биле неколкумина напаѓачи, кои околу 5.30 часот фрлиле две шишиња со запалива материја на полицајците што го обезбедувале конзулатот. Само еден молотов коктел се запалил, но нема повредени или штета.

Досега биле извршени неколку напади на кабините за полицајците пред конзулатот, известуваат турските агенции.