Свет Масакр на Боко харам на остров во езерото Чад

Масакр на Боко харам на остров во езерото Чад

Во напад на островот Карамага, на езерото Чад, припадници на терористичката група Боко харам убиле голем дел од жителите, како оние кои се обиделе да најдат спас во водите на езерото, така и оние кои се скриле во куќите.

По доаѓањето на островот, припадниците на Боко харам прво се пресметале со нигериските владини сили, кои ги затекнале неподготвени, а потоа тргнале да го убиваат населението.

Преживеаниот локален рибар, Умар Јерил, сведочи дека терористите стрелале во секоја глава што ќе се појавела од водите на езерото извикувајќи „Алах акбар“, а потоа го запалиле целото село.

Офанзивата на Нигерија, Нигер, Чад и на Камерун покрената во февруари, како што тврдат официјалните лица на тие земји, имала голем успех и повратила голем број села и градови што ги држеле терористите, но експертите проценуваат дека борците на Боко харам пронашле нови скривалишта од кои повторно дејствуваат.