Свет Свет Мароко по 40 години повторно сака членство во Африканската унија

Мароко по 40 години повторно сака членство во Африканската унија

Мароко поднесе официјално барање за приклучување кон Африканската унија (АУ) по 40 години, соопшија денеска од таа организација.

Мароко е единствената африканска земја која не е членка на таа организација, која ја сочинуваат 54 држави.

Властите во Рабат ја напуштија организацијата во 1975 година поради спорот околу Западна Сахара, која АУ ја смета за независна држава, а Мароко за своја јужна провинција.

Членките на оваа АУ ќе бидат известени за барањето на Мароко, а потоа кралот на оваа држава ќе биде известен за одлуката.