Свет Европа Макрон треба да дојде во Украина со долгометни ракети

Макрон треба да дојде во Украина со долгометни ракети

Над Одеса, еден од трите најголеми градови во Украина и најголемиот пристанишен град, украинската одбрана срушила 11 дронови истрелани од руските сили за ноќен напад

Фото: ukrinform.net

Францускиот претседател Емануел Макрон ја најави својата посета на Украина во следниот месец, ветувајќи дека ќе донесе десетици долгометни ракети SCALP за украинските вооружени сили, јавува украинската државна новинска агенција ukrinform.net.

Станува збор за двостран договор што треба да се финализира при посетата на Макрон на Кијив. Според Ројтерс, во деновите пред посетата на Макрон, може да се очекуваат 40 долгометни ракети СКАЛП. Тие имаат домет до 250 километри, што е речиси трипати повеќе од сегашните ракети со кои располага Украина.

Војувањата во Украина продолжуваат. Над Одеса, еден од трите најголеми градови во Украина и најголемиот пристанишен град, украинската одбрана срушила 11 дронови истрелани од руските сили во ноќен напад.

Станува збор за јуришни дронови од иранско производство Шахид 131/136. Украинската противвоздушна одбрана дејствувала врз цели три часа. Еден руски дрон бил уништен во регионот Миколаив, друг во регионот Кировхрад, но главнината на нападите биле во регионот Одеса, на северозападот. Дроновите биле лансирана од Црно Море.

На други места биле пуштени уште најмалку девет дронови.

Во изминатите 24 часа се случиле и 98 битки меѓу украинските одбранбени сили и руските агресорски сили.