Свет Балкан Македонците во Албанија се подготвуваат за локалните избори на 21 јуни

Македонците во Албанија се подготвуваат за локалните избори на 21 јуни

Етничките Македонци од Албанија, на локалните избори што ќе се одржат на 21 јуни годинава, ќе се борат за едно градоначалничко место во Пустец и ќе имаат 16 листи за советници, во исто толку општини.

Партијата на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција, на овие локални избори влегува како дел од владејачката коалиција „Алијанса за европска Албанија“.

Единствениот кандидат за градоначалник, Едмонд Темелко, и досега ја извршуваше функцијата градоначалник на Пустец, единствената општина на Македонците во Република Албанија.

Советничката листа за општина Тирана ќе ја предводи Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото „Илинден“. Ѓурѓај ги повика Македонците да го дадат својот глас за Македонска алијанса за европска интеграција.

– Гласајте за листата за советници на Македонска алијанса за европска интеграција во општина Тирана под реден број 36, затоа што партијата на Македонците е единствена гаранција дека само тие самите можат да се изборат за своите права, за унапредување на нашата положба во Република Албанија – вели носителот на листата, Никола Ѓурѓај.