Македонија Вработени во МВР на обука во Даблин за компјутерски криминал

Вработени во МВР на обука во Даблин за компјутерски криминал

Двајца вработени во Министерството за внатрешни работи ќе бидат дел од обуката за дигитална форензика и истрага на компјутерски криминал, на Универзитетот во Даблил, Република Ирска.

Обуката, како што соопштуваат од МВР, е во рамките на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа за таргетирање на компјтерски криминал во Југоисточна Европа и Труција (iPROCEEDS).

„Учеството во Програмата е финансирана од iPROCEEDS во времетраење од 24 месеци и ќе ги покрие модулите како дигитална форензика, техники за финансиска истрага – следење на пари, мрежни истраги, истраги на мобилни уреди, ВОИП технологии и безжични истраги и други. Обуката ќе се одвива преку комбинација на предавања, работа во лаборатории, студии на случај, читање, мали групни и индивидуални вежби, демонстрации со алатки и дискусии“, велат од МВР.