Дописници Македонија се поврзува директно со енергетскиот систем на Србија

Македонија се поврзува директно со енергетскиот систем на Србија

Утре, 17 ноември, ќе биде ставен во функција новиот далновод, поставен на 168 челични решеткасти столбови, на траса долга 70 километри од Штип до македонско-српската граница, кај Куманово. Со овој систем на МЕПСО, македонскиот енергетски систем директно се спојува со енергетскиот систем на Србија.

Со изградбата на овој далновод, македонскиот електропреносен систем добива петта врска со четири соседни електропреносни системи. Веќе има две интерконекции со грчкиот електропреносен систем и по една врска со електропреносните системи на Србија, Бугарија и на Косово.

Капацитетот за размена на електрична енергија на овој вод е 600 мегавати. Во изградбата на овој далновод, МЕПСО вложи повеќе од 11 милиони евра.

В.К.