Дописници Магазин „Туристички свет“: „Охрид – престолнина на културата и на православието“

Магазин „Туристички свет“: „Охрид – престолнина на културата и на православието“

Во репортажа на шест страници, во авторство на Лилјана Реброња, престижниот српски магазин за современо хотелиерство и туризам „Туристички свет“ го претставува македонскиот туристички центар како една од најубавите туристички дестинации во светот за љубителите на културниот туризам.

Одлично илустрираната репортажа за Охрид е објавена под наслов „Охрид: Престолнина на културата и на православието“.

– Македонскиот град-музеј Охрид, чија старост се проценува на повеќе од 7.000 години, гордо го носи името „Балкански Ерусалим“. Охрид по многу нешта е уникатен, но, пред сè, заради своите 365 цркви …“, пишува, меѓу другото Реброња, во репортажата.

Претходно, афирмативни репортажи за Охрид беа објавени во словенечкиот магазин „Ревија хоризонт“ и турскиот „Глобер“, откако локалната самоуправа на Охрид ја организираше промотивната тура „Охрид 2015“.