Видео Лос Анџелес: 30 повредени при судир на воз и на камион

Лос Анџелес: 30 повредени при судир на воз и на камион

Најмалку 30 лица се повредени денеска откако воз удри во камион кој преминувал преку пруга во близина на Лос Анџелес.

Несреќата се случила околу 5.45 часот наутро по локално време, во близина на Окснард, околу 200 километри северозападно од Лос Анџелес.

Како што јавува „Си-Ен-Ен“, властите го фатиле возачот на камионот.

Според снимките на американските ТВ-канали, повеќе вагони излетале од пругата, а камионот се запалил.