Свет Европа Литванија стравува дека Путин би можел да ја тестира НАТО

Литванија стравува дека Путин би можел да ја тестира НАТО

Литванија предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да ја тестира Северноатлантската алијанса (НАТО) во неделите пред Доналд Трамп и официјално да стане претседател на САД.

Министерот на надворешни работи на Литванија, Линас Линкевичиус, рече дека „многу стравува“ за Балтикот, како и за сирискиот град Алепо.

– Русија не е суперсила, таа е суперпроблем – рече Линкевичиус за „Би-би-си“.

Москва тврди дека не претставува закана, наведувајќи дека НАТО е одговорна за зголемените регионални тензии за ширење кон исток и за праќање воена опрема кон руските граници.

Линкевичиус вели дека не постои ризик дека Путин би можел да го искористи периодот до инаугурацијата на Трамп на 20 јануари како можност за тестирање на воената готовност и дипломатската одлучност на Алијансата.

– Се плашам од тој период, не само поради регионот, туку и се надевам дека и Алепо нема да биде срамнет со земја – рече литванскиот министер.

Литванија, која порано беше членка на Советскиот Сојуз, а денеска е дел од НАТО и од Европската Унија, се граничи со Русија и со руската енклава Калининград на Балтичкото Море.