Македонија Лидерите на Западен Балкан се обврзале да соработуваат и меѓусебно да се...

Лидерите на Западен Балкан се обврзале да соработуваат и меѓусебно да се почитуваат

Федерика Могерини, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност на неформалната средба со премиерите од земјите од Западен Балкан разговарала за европската перспектива на регионот во ЕУ, соопштуваат од кабинетот на Могерини.

Од таму велат дека за време на средбата, сите присутни ја потврдиле нивната целосна посветеност да продолжат да работат на процесот на нивна интеграција во Европската Унија.

„Тие ја потврдија својата решеност и силните заеднички интереси за зајакнување на соработката и донесување на конкретни резултати за животот на граѓаните од регионот. Тие ја истакнаа својата посветеност на добрососедските односи и продлабочување на регионалното разбирање, преку меѓусебно почитување и соработка. Високата претставничка Могерини ги охрабри премиерите на шесте земји да ја забрзаат потребната работа, со цел да се задоволат очекувањата на нивните граѓани и да се доближат до својата иднина во Европската Унија“, се вели во соопштението.