Главна секција Лидерите на партиите се договорија да продолжат преговорите

Лидерите на партиите се договорија да продолжат преговорите

По два и пол часа преговори, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, се договорија разговорите за Договорот од Пржино да продолжат утре со билатерални средби.

Белгискиот олеснувач Питер ван Хојте изјави дека очекува наредната недела преговорите да се интензивираат.

– Се договоривме преговорите да продолжат и очекуваме да се интензивираат и да се надминат сите спорни точки. Направен е чекор напред за да се продолжи со преговарање за сите точки од Договорот од Пржино – рече Ван Хојте.

Ниту еден од лидерите не даде изјава по средбата.

Претходно, амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав, со уште неколку амбасадори, беше на состанок во Владата, со премиерот Никола Груевски.