Македонија Лидерите да ја почитуваат и да ја спроведат одлуката на граѓаните, порача...

Лидерите да ја почитуваат и да ја спроведат одлуката на граѓаните, порача Хан

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан на социјалната мрежа „Твитер“ оцени дека гласовите „за“ на референдумот се значајни и со тоа се дава поддршка на Договорот од Преспа.

„Им честитам на оние граѓани кои гласаа денеска на консултативниот референдум и ги искористија своите демократски слободи. Со значајното „да“ има широка поддршка за Преспанскиот Договор и евроатлантската иднина на земјата. Сега очекувам сите политички лидери да ја почитуваат оваа одлука и да ја спроведат со голема одговорност и единство ширум партиските линии во интерес на земјата“, напиша Хан.