Македонија „Лесја Украинка“ организира митинг по повoд една година од масакрот во Буча

„Лесја Украинка“ организира митинг по повoд една година од масакрот во Буча

Фото: ukrinform.net

Здружението на Украинците во Северна Македонија „Лесја Украинка“, во петок на 31 март со почеток во 16:30 часот организира митинг кај споменикот на Тарас Шевченко во паркот „Жена борец“ во Скопје, по повод одбележување една година од бучанската трагедија. Од „Лесја Украинка“ ги повикаа граѓаните да го поддржат настанот.

Русија беше обвинета за воени злосторства по масакрот во градот Буча. Украинските власти истражуваа можни воени злосторства извршени од страна на Русија, откако пронајдоа стотици тела од кои некои врзани, застрелани и расфрлани низ градовите во близина на Кијив. Злосторствата беа откриени по повлекувањето на силите на Кремљ, откако Русија се одлучи да ги пренасочи своите напади во други делови на земјата.

Руските власти тврдеа дека станува збор за пропаганда на непријателската страна и нагласуваа дека и тие имаат докази кои покажуваат дека Западот лаже.