Свет Лажна тревога во Брисел – не е пронајдена бомба

Лажна тревога во Брисел – не е пронајдена бомба

Лицето што утринава беше уапсено во Брисел на себе носело лажен појас со експлозив, јавуваат белгиските медиуми, наведувајќи дека појасот бил полн со сол.

Поради дојава за бомба, евакуиран беше трговскиот центар „Сити 2“, а блокирани беа околните улици и две метро-станици.

Белгиското државно обвинителство потврди дека е уапсен маж, но оти кај него, ниту во близина на трговскиот центар не е пронајден експлозив.

– Осомничениот во моментов е на распит. Експлозив не е пронајден – соопшти портпаролката на државното обвинителство во Брисел, Ине ван Вимерш.

Граѓаните пријавиле дека забележале маж како чудно и сомнително се однесува во близина на трговскиот центар „Сити 2“, во самиот центар на Брисел.

Белгискиот премиер Шарл Мишел за телевизијата „Ер-те-ел“ изјави дека „ситуацијата е многу сериозна“ и закажа итен состанок на владата.