Свет Лавров: САД ги штитат исламистите и ги чуваат за напад на Асад

Лавров: САД ги штитат исламистите и ги чуваат за напад на Асад

Рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, ги обвини САД дека ги штитат исламистичките радикални групи кои би можеле да ги искористат за симнување од власт на Башар ал Асад.

Според неговите зборови, припадниците на терористичката организација Фронт Ал нусра не се на удар на коалицијата на чело со САД.

– Ги чуваат, за во случај да им бидат потребни во уривањето на сирискиот претседател – изјави Лавров.

Тој додаде дека Москва не добила никаков доказ од Вашингтон дека е одговорна за бомбардирањето на конвојот со хуманитарна помош на пат кон Алепо.

Исто така, тој додаде дека нападот бил провокација.