Свет Лавров и Кери договорија блиска комуникација на министерствата за одбрана

Лавров и Кери договорија блиска комуникација на министерствата за одбрана

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, и американскиот државен секретар, Џон Кери, договориле министерствата за одбрана на двете земји да бидат во тесна комуникација за да се избегне конфликт на небото над Сирија.

Како што јавуваат московските медиуми, Лавров му рекол на Кери дека Русија ќе гаѓа само позиции на терористите од Исламска држава и оти гласините за други цели се неосновани.