Дописници Кучиња скитници до смрт искасале 58-годишна дебранка

Кучиња скитници до смрт искасале 58-годишна дебранка

Педесет и осумгодишната Фитнет Ф. од селото Баланци во Општина Центар Жупа, им подлегнала на повредите откако попладнево била нападната и искасана од глутница кучиња скитници на околу 150 метри од куќата во која живеела.

По нападот Фитнет Ф. итно била префрлена во Медицинскиот центар во Дебар, каде бил присутен и јавен обвинител. Во болницата лекарите констатирале смрт како последица од тешките телесни повреди по главата, рацете, нозете и по другите делови од телото.

Екипа од полициската станица во Дебар, во присуство на јавен обвинител, изврши увид на местото на настанот. Притоа биле забележани повеќе траги кои укажуваат дека жената била влечена од кучињата, а дел од нејзината облека е предадена на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.