Македонија КСЗД отвори постапка за Канцеларијата за контакт на граѓаните со пратениците во...

КСЗД отвори постапка за Канцеларијата за контакт на граѓаните со пратениците во Карпош

Фото: Порталб

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) по истражувањето на Порталб.мк во врска со Канцелариите за контакт на пратениците со граѓаните, поточно за Канцеларијата во Карпош која нема пристап за лицата со посебни потреби, донесе одлука да поведуве постапка по службена должност.

„Ве известуваме дека вашето барање е разгледано на седница и Комисијата одобри решение за поведување постапка по службената должност“, изјавија од КСЗД за Порталб.мк.

Канцеларијата за комуникација на граѓаните со пратениците во Карпош се наоѓа на надвозник, односно мост, и од двете страни за пристап не функционираат лифтовите и електричните скали. Ова го им го оневозможува пристапот на лицата со посебни потреби.

Според процедурата, Комисијата мора да ја констатира состојбата на терен и потоа да донесе одлука со соодветни препораки.

Според сторијата на Порталб.мк, граѓаните треба насекаде да ги бараат вработените во Канцелариите за контакт кои се одговорни во определеното време да овозможат комуникација меѓу пратениците и граѓаните.

Порталб.мк посети 4 канцеларии на различни локации и тоа во Тетово, Чаир, Карпош и Шуто Оризари за да види како тие функционираат. При посетата на терен видовме дека во канцелариите не се почитува работното време, а дел од нив не одговараат ниту на телефонските повици. На граѓаните не им е лесно да контактираат со претставниците на пратениците кои треба да ги слушнат нивните проблеми и потреби, а потоа да ги достават до Собранието за да се изнајде конкретно решение.

Комисијата утвдрила „продолжена дискриминација“ за идентичен случај

Сличен случај кога Комисијата  утврдила дискриминација е тој од август 2021 година , кога била утврдена продолжена дискриминација од страна на ДИК за попречување на учеството во јавниот и политичкиот живот на лицата со телесен инвалидитет.

„Од извршениот увид членовите на КСЗД утврдија дека во овој случај се работи за неприспособена инфраструктура која на овие лица им го оневозможува пристапот во објектот на Подрачното одделение на ДИК – Карпош. Со тоа ДИК оневозможил пристапност и достапност на лицата со попреченост во областа на еднаков пристап и учество во политичкиот и јавниот живот“, пишуваше во известувањето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на 19 август.

При увидот било констатирано дека до просториите на подрачната канцеларија на улицата „Стрезово“ број 7 се стига по приближно педесеттина тесни и стрмни скалила кои се неприспособени за лица со физичка попреченост, за стари, изнемоштени и болни лица.

Исто така најавија и дека одобриле препораки со кои на ДИК ѝ препорачуваат да ги преземе неопходните активности по однос на обезбедувањето на правото на лицата со физичка попреченост да можат да поддржат некоја од листите на независни кандидати по свој избор на следните локални избори.

Канцелариите на пратениците за комуникација со граѓаните затворени кога треба да работат