Свет Европа Кризата во Каталонија ја чини шпанската економија една милијарда евра

Кризата во Каталонија ја чини шпанската економија една милијарда евра

Шпанскиот министер за економија, Луис де Гуиндос изјави дека кризата во Каталонија, по повод иницијативата за независност на тој регион, ја чинело државата една милијарда евра и дека локалната економија се уште ги чувствува последиците.

Де Гуиндос изјави дека, успорувањето на економскиот пораст во Каталонија влијае на вкупната шпанска економија, која е четврта по големина во еврозоната.

„Каталонија имаше пораст повисок од шпанскиот и беше еден од двигателите на шпанската економија. Но, во четвртиот квартал таа е товар на државата“, изјавил Де Гуиндос.

Тој проценил дека кризата може да чини една милијарда евра.

Шпанија се најде во длабока политичка криза, кога регионалниот парламент на Каталонија прогласи независност во октомври, по референдумот кој Владата на Шпанија го прогласи за незаконски.