Хроника Кривична за осуденик од штипскиот затвор бидејќи нудел поткуп на полицајци

Кривична за осуденик од штипскиот затвор бидејќи нудел поткуп на полицајци

Секторот за внатрешни работи Штип поднел кривична пријава против осуденик во штипскиот затвор, кој се товари дека на двајца полициски службеници им нудел поткуп, информира МВР.

Според полициските информации, 41-годишниот В.Е. од Кочани на 17 март оваа година, двапати на двајца полициски службеници им понудил сума од 50 евра за да му го вратат мобилниот телефон, кој претходно му бил одземен при личен претрес.

Полицајците го одбиле осуденикот, а случајот бил пријавен.