Македонија Кривична пријава за вработен како обезбедување во училиште во Кочани: Повредил ученик

Кривична пријава за вработен како обезбедување во училиште во Кочани: Повредил ученик

Image by Nino Carè from Pixabay

ОВР Кочани ќе поднесе кривична пријава против О.Ц.(36) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“ по член 201-а од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот кој е вработен како обезбедување во основно училиште во Кочани, на 06.10.2021 физички нападнал ученик во училиштето и му нанел повреди. Во врска со настанот бил извршен разговор со О.Ц. и очевидци.

Според Кривичниот законик, за малтретирање на малолетно лице предвидена е затворска казна од 5 до 10 години во зависност од тежината на делото.