Главна секција Коѕиас имал „интересна и сериозна“ средба со Нимиц

Коѕиас имал „интересна и сериозна“ средба со Нимиц

„Имав многу интересна и сериозна средба со господинот Нимиц, кој неодамна престојуваше во Скопје. Тој ме информира за климата таму“, изјави грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, по денешната средба со посредникот Метју Нимиц во Брисел.

– Го информирав за тоа што ние мислиме по средбите што ги имавме со новата влада на нашиот северен сосед. Се согласивме да останеме во контакт и да бараме начини со кои можеме да отвориме процес за пронаоѓање решение – рекол Коѕиас.

На новинарско прашање дали Грција има индикации за добра волја од страна на Владата во Скопје, шефот на грчката дипломатија одговорил дека „има комуникација“.

– Комуникативно – да, а суштински дали има, треба да покажат – изјавил Коѕиас.