Главна секција Коцијанчич за „Мета“: Ја следиме состојбата на границата и се координираме со...

Коцијанчич за „Мета“: Ја следиме состојбата на границата и се координираме со владата

Европската комисија е запознаена со одлуката на владата да прогласи кризна состојба во регионот на јужната и северната граница и е во контакт властите и со УНХЦР.

– Во оваа фаза, Комисијата одблизу го следи развојот на настаните и мерките кои ги преземаат или ќе ги преземаат властите и ги утврдува фактите – изјави за „Мета“ Маја Коцијанчич, портпаролката еврокомесарот за проширување и добрососедство, Јоханес Хан.

Коцијанчич соопшти дека ЕУ веќе обезбедила 90.000 евра хуманитарна помош за Македонија за справување со мигрантската криза и додаде дека Комисијата е подготвена да и пружи дополнителна помош на земјата.

– Комисијата ја финализира програмата за поддршка на целиот регион за справување со мигрантите во Западен Балкан и Турција, во вредност од 8 милиони евра, а која треба да се имплемнтира во септември годинава – рече Коцијанчич.