Свет Балкан Косовската опозиција пред Уставен суд ќе го оспорува изборот на Тачи за...

Косовската опозиција пред Уставен суд ќе го оспорува изборот на Тачи за претседател

Обединетата косовска опозиција ќе бара мислење од Уставниот суд за кворумот со кој Хашим Тачи е избран за нов претседател на Косово, пишуваат косовските медиуми.

Висар Имери, лидерот на опозициското радикално движење Самоопределување, изјавил дека во тек се консултации со уште две опозициски партии и со правници, по што ќе се излезе со конкретен став.

Опозициските пратеници се обидоа да го оневозможат изборот на Хашим Тачи за претседател со активирање солзавец, па седницата двапати беше прекинувана, а опозицијата отстранета од салата. Тачи беше избран во третиот круг од гласањето, кога според Уставот за изборот му беше доволно просто мнозинство од присутните, што во првите два круга не му појде од рака, бидејќи тогаш му беше потребно двотретинско мнозинство.