Свет Свет Копнена офанзива на сириските сили со поддршка од воздух

Копнена офанзива на сириските сили со поддршка од воздух

Сириската армија и нејзината сојузничка милиција денеска тргнале во копнени напади на позициите на бунтовниците во Сирија, поддржани од руските воздухопловни сили, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Метите на руските напади биле во северниот дел на провинцијата Хама и во соседната провинција Идлиб, во градовите близу главниот автопат на западот на Сирија, наведува организацијата со седиште во Лондон.

– Копнените напади се вршат со ракети од типот земја-земја и се насочени кон најмалку четири позиции на бунтовниците во таа област. Во тек се жестоки судири – рече шефот на опсерваторијата, Рами Абдулрахман.

Тој додаде дека засега нема информации за напредувањето на државните сили на теренот, но дека во воздушните напади се погодени возила и бази на бунтовниците.