Свет Балкан Контроверзниот грчки бизнисмен Иван Савидис го купува „Порто Карас“ за 205 милиони...

Контроверзниот грчки бизнисмен Иван Савидис го купува „Порто Карас“ за 205 милиони евра

Контроверзниот грчки бизнисмен Иван Савидис, роден во Советскиот Сојуз, според грчката агенција АНА-МПА, во секој миг треба да ја заврши купопродажбата со која за сумa од 205 милиони евра треба да стане нов сопственик на луксузниот туристички комплекс „Порто Карас“ на Халкидики.

Савидис, кого грчките медиуми го нарекуваат „рускиот цар на Солун“ во 2018 година беше обвинуван дека финансирал одредени групи во Грција и во Македонија да протестираат поради постигнатиот договор меѓу двете земји за промената на името на земјава и да протестираат против референдумот. Тој официјално ги отфрли таквите наводи.

Според наводите, нов сопственик на комплексот ќе биде „Белтера Инвестментс“ на Савидис, која ќе ги плати кредитните задолжувања на компанијата „Порто Карас“, која сега е во сопственост на „Техники Олимпиаки“ на семејството Стенгос.

Савидис, покрај тоа што беше посочен како финансиер на протестите против Преспнаскиот договор, во 2018 година предизвика скандал кога на фудбалскиот меч на неговиот клуб ПАОК и атинскиот АЕК влета на теренот со пиштол и му се закануваше на судијата.