Спорт Конте: Немам време за Балотели

Конте: Немам време за Балотели

Марио Балотели

Селекторот на фудбалската репрезентацдија на Италија, Антонио Конте, рече дека нема време да чака Марио Балотели да се опамети.

Конте првпат го повика контроверзниот напаѓач ви репрезентацијата откако ги презеде „азурите“, но Балотели отпадна од конкуренцијата за мечовите со Хрватска и со Албанија поради повреда.

– Минатото говори дека бројни добри тренери не успеаја да го сменат Балотели. Сè зависи од него, но немам премногу време и принуден сум да направам одредени работи – рече Конте.