Свет Свет Клинтон со поголема поддршка од Трамп во најновата анкета спроведена во САД

Клинтон со поголема поддршка од Трамп во најновата анкета спроведена во САД

Кандидатката за претседател на Соединетите Американски Држави од Демократската партија, Хилари Клинтон, е во предност во однос на ривалот од Републиканската партија, Доналд Трамп, со пет процентни поени, покажуваат резултатите од најновата анкета.

Анкетата спроведена од 30 септември до 6 октомври, покажува дека 43 проценти од испитаниците ја поддржуваат Клинтон, додека 38 проценти од избирачите го поддржуваат Трамп.

Хилари Клинтон е во предност во однос на Доналд Трамп во секоја анкета што се спроведува од почетокот на септември.