Видео Клинтон и Сандерс на прва тет-а-тет дебата

Клинтон и Сандерс на прва тет-а-тет дебата

Кандидатите за демократска претседателска номинација, Хилари Клинтон и Берни Сандерс ја имаа првата телевизиска дебата „еден на еден“.

Клинтон за Сандерс рече дека е идеалист, кој не е во состојба да ја врши работата, додека сенаторот од Вермонт ја обвини поранешната прва дама и државна секретарка дека е премногу врзана со естаблишментот за да направи вистински промени, наведува „Би-Би-Си“.

Дебатата во сојузната држава Њу Хемпшир е прва по тесната победа на Клинтон над неочекувано силниот соперник Сандерс, на првите избори за демократска претседателска номинација.

Клинтон вчера рече дека заедничко со Сандерс им е тоа што имаат „особено важни прогресивни цели“, но оти само таа е во состојба да ги оствари.

Дебатата е одржана пет дена пред вторите партиски избори, кои ќе бидат во Њу Хемпшир, на кои, според истражувањата, сенаторот од Вермонт има предност во споредба со Хилари Клинтон.