Македонија Ќе се бара друга замена за еврокомесарот Хан, Унгарецот Трочани отпадна од...

Ќе се бара друга замена за еврокомесарот Хан, Унгарецот Трочани отпадна од игра

Комитетот за правни прашања на Европскиот парламент го отфрли предлогот на Унгарија за Ласло Трочани да биде нов комесар за проширување и соседска политика, пренесува „ЕУобсервер“. „Политико“ јавува дека отфрлањето на предлогот за именување на новиот еврокомесар е поради можноста за постоење на конфликт на интереси. Покрај Трочани, со идентично објаснување е отфрлен и предлогот на Романија за назначување на Рована Пламб за европски комесар за транспорт.

Ласло Трочани требаше да биде назначен на местото на досегашниот еврокомесар Јоханес Хан, чиј мандат веќе е завршен. Трочани беше поранешен министер за правосудство на Унгарија и близок соработник на Виктор Орбан. Тој имаше клучна улога во донесувањето на закони, за кои Брисел констатираше дека го поткопуваат владеењето на правото во Унгарија.

По ваквата одлука на Европскиот парламент, Унгарија и Романија не значи дека автоматски можат да предложат нови кандидати за еврокомесари. Новата претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лејен е таа што треба да донесе одлука дали Унгарија ќе предложи нов комесар за проширување.