Свет Европа Кинески банкари уапсени во Мадрид

Кинески банкари уапсени во Мадрид

Пет претставници на најголемата кинеска банка, Индустриска и трговска банка на Кина (ИЦБЦ), се уапсени во Мадрид, под сомнение за перење пари кои од Шпанија ги праќале во Кина, соопшти шпанската полиција.

Неколку десетини полицајци упаднале во просториите на подружницата на банката во центарот на Мадрид, преку која, како што тврдат истражителите, повеќе шпански и кинески претпријатија прикривале потекло на парите.

– Истрагата покажала дека подружницата на Индустриска и трговска банка на Кина во Мадрид овозможила кривично дело шверц, неплаќање данок на Министерството за финансии и кршење на правата на работниците – стои во соопштението на полицијата.

Меѓу уапсените се директорот на подружницата и уште четворица вработени.

Истражителите се сомневаат дека бројни кинески компании на тој начин избегнувале плаќање данок во Шпанија и оти во Кина завршиле неколку десетини милиони евра.