Свет Кина незадоволна што ја спомнале на самитот на Г7

Кина незадоволна што ја спомнале на самитот на Г7

Кина е незадоволна што се спомнал проблемот во Источното и Јужното кинеско море во соопштението на групата Г7 и вели дека таа група би требала да престане со неодговорните забелешки.

– Кина е посветена на решавање на проблемите со сите нации низ преговори и со задржување на мирот во Источното и Јужното кинеско море – изјави Лу Канг портпаролот на министерството за надворешни работи.

Кина се надева дека Г7 и другите нации ќе се воздржат од заземање на позиции и дека ќе ги почитуваат напорите на земјите во регионот проблемите да се решат, додаде Лу.

Во своето коминике, лидерите на Г7 наведоа дека се загрижени за ситуацијата во Јужното и Источното кинеско море и повикаа на демилитаризација.