Свет Свет Кина ја повика Јапонија да не му воведува нови санкции на Пјонгјанг

Кина ја повика Јапонија да не му воведува нови санкции на Пјонгјанг

Кина ја повика Јапонија да не ѝ воведува еднострани санкции на Северна Кореја поради лансирање на севернокорејската ракета преку јапонската територија, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

Министерот Ванг Ји вчера изјави дека едностраните санкции не се во духот на резолуцијата на Советот за безбедност и дека за нив нема основа во меѓународното право и дека затоа Јапонија не треба да донесе погрешна одлука.

Тој додаде дека се надева дека Јапонија ќе работи на подобрување на билатералните односи со обновување на меѓусебната доверба и градење пријателство.