Свет Европа Киднаперите на авионот на либиската компанија ги ослободиле патниците

Киднаперите на авионот на либиската компанија ги ослободиле патниците

Киднаперите на авионот на либиската компанија „Африка ервејз“, кој летал од Себа до Триполи, но беше пренасочен кон Малта, ги ослободиле сите 111 патници од авионот, пренесува „Тајмс оф Малта“.

Сите патници, меѓу кои имало и жени и деца, успешно биле евакуирани од авионот.

Премиерот на Малта, Џозеф Мискат, на „Твитер“ напишал дека сите членови на екипажот се ослободени, но дека во авионот најверојатно се наоѓаат уште двајца киднапери и можеби уште неколку членови на екипажот.

Според пишувањата на светските медиуми, киднаперите барале од затвор да се ослободи синот на убиениот либиски лидер, Муамер ел Гадафи.