Свет Балкан КФОР на северот на Косово ги отстранува возилата преостанати од српските блокади

КФОР на северот на Косово ги отстранува возилата преостанати од српските блокади

Фото: KFOR, Архивска фотографија

Мисијата КФОР соопшти дека на северот на Косово во тек е отстранување на некои возила што останале на патиштата по кревањето на блокадите поставени од косовските Срби, што со седмици на таков начин протестираа поради апсења на поранешни полицајци.

„Мисијата на КФОР спроведува инженерски операции на северот од Косово со цел да се отстранат некои возила блокирани на патот и да се врати слободата на движење во согласност со мандатот на ОН“, стои во соопштението.

И додека официјалните косовски власти порачуваа дека се апсат лица поради воени злосторства и попречување на правдата, косовските Срби во апсењата гледаа реваншизам и обид за потиснување на Србите.