Спорт КФМ ги суспендира Докузовски и Србиновски на шест, односно на три месеци

КФМ ги суспендира Докузовски и Србиновски на шест, односно на три месеци

Претседателот на Работнички доби забрана да извршува функции во кошарката една година

Дисциплинската комисија на Македонската кошаркарска федерација, на тренерот на Работнички, Марин Докузовски, му изрече казна од шест месеци суспензија поради одбивањето на неговиот тим да го продолжи натпреварот против МЗТ – Скопје Аеродром, пред две недели, пренесува „Плусинфо“.

Неговиот помошник, Марјан Србиновски, од дисциплинската комисија на КФМ е суспендиран три месеци, а најголема казна доби претседателот на клубот, Горан Геровски, кому му е забрането да извршува функции во кошарката една година.