Свет Кери на разговори во Москва за наоѓање решение за сирискиот конфликт

Кери на разговори во Москва за наоѓање решение за сирискиот конфликт

Државниот секретар на Соединетите Американски Држави (САД), Џон Кери, денеска е во посета на Москва, каде ќе има разговори со рускиот државен врв, како дел од политичкиот процес за ставање крај на војната во Сирија, пренесуваат светските медиуми.

Кери во моментов е на разговори со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, а во текот на денот ќе им средба со претседателот Владимир Путин.

САД и Русија имаат различни ставови и несогласувања за тоа каква улога треба да има сирискиот претседател Башар ал Асад во целиот процес. САД инсистираат Асад да си замине од функцијата, додека Русија, пак, смета дека за тоа треба да одлучи сирискиот народ.

Во пресрет на денешните разговори, Русија го обвини Вашингтон дека ги „дели терористите на добри и на лоши“. Од друга страна, САД ја обвинуваат Русија дека ги бомбардира умерените бунтовници во Сирија, за да му помогне на својот сојузник Башар ал Асад да остане на власт.