Свет Кери ја повика Русија да престане да ги бомбардира сириските бунтовници

Кери ја повика Русија да престане да ги бомбардира сириските бунтовници

Американскиот државен секретар Џон Кери ја предупреди Москва да престане со бомбардирањето на сириските бунтовнички групи, откако разговорите меѓу опозицијата и претставниците на Дамаск пропаднаа во Женева.

Кери на својот руски колега, Сергеј Лавров, во телефонски разговор му рекол дека резолуцијата на Советот за безбедност на ОН повикува на безусловен прекин на огнот во Сирија за да се овозможи хуманитарната помош да пристигне до опколените градови.

Кери додал дека тој и Лавров се сложиле дека е важно да се имплементира прекинот на огнот за хуманитарната помош да стигне таму каде што е потребно.