Свет Кејсик се откажа, Трамп останува републикански кандидат за претседател

Кејсик се откажа, Трамп останува републикански кандидат за претседател

Милијардерот Доналд Трамп обезбеди републиканска номинација за претседателски кандидат, јавуваат американските медиуми.

Сенаторот од Охајо, Џон Кејсик, одлучи да се повлече од трката, што значи дека Трамп повеќе нема партиски противкандидати, пишува „Би-би-си“.

Во редовите на републиканците, по објавата на веста настана општ хаос, па многумина на социјалните мрежи порачаа дека ќе се откажат од републиканското членство, палејќи ги партиските книшки.

Други, пак, го поддржаа развојот на ситуацијата, порачувајќи дека Трамп дефинитивно е подобар кандидат за претседател на САД од Хилари Клинтон, која најверојатно ќе биде кандидатка од редовите на демократите.

– Ако го номинираме Трамп, тоа ќе нè уништи… И не заслуживме подобро – рече сенаторката од Јужна Каролина, откако од трката се откажа сенаторот Тед Круз.