Економија Канадски инструктори ќе предаваат како да се води успешен бизнис

Канадски инструктори ќе предаваат како да се води успешен бизнис

Бизнис-едукација за професионалци и за претприемачи ќе се одржува во рамките на проектот „Лидер“, кој е во организација на платформата „Македонија 2025“ и ќе трае од 9 до 20 мај.

Теоретските познавања, совети и тајни од занаетот за водење успешен бизнис ќе ги пренесат инструктори од школата за бизнис „Ричард Ивеј“ (Richard Ivey) од Канада.

– Овој проект ѝ помага на Македонија да се поврзе со најмалку пет држави од регионот. Со оглед на тоа што денес бизнисот е глобален, бизнис-професионалците и претпиремачите мораат да гледаат надвор од границите на својата земја – велат организаторите.

„Македонија 2025“ е независна, невладина и непартиска организација со поддржувачи во целиот свет, која поврзува иницијативи, развива глобални партнерства и помага во развојот на економијата на Македонија.