Дописници Камион излета од коловозната лента кај преминот Буково

Камион излета од коловозната лента кај преминот Буково

Камион од марката „ман“ излета од коловозната лента на сообраќајницата Охрид – Ресен, во близина на преминот Буково.
Според непотврдени информации, во незгодата нема потешко повредени лица, а е причинета поголема материјална штета.

До овој момент не е позната причината што довела до незгодата.

Од МВР најавија повеќе информации во текот на денешниот ден.